ССМ: Борба за работнички права и достоинствени плати
Нападите кон Сојузот на синдикатите на Македонија нема да го запрат синдикатот во барањата за повисоки плати и подобрување на животниот стандард на работниците, порача денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов потсетувајќи за утрешната јавна седница на Советот, претседателството и надзорниот одбор на ССМ која ќе се одржи во 12:05 пред Собранието, Стопанската Комора и Владата.
-Со нечовечкиот однос кон синдикалните претставници не само што е повреден Уставот и законите во Македонија, туку има повреда и на меѓународните конвенции на трудот и за тоа веќе се известени Меѓународната организација на трудот, Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати кои даваат целосна поддршка на ССМ, истакна Трендафилов.
Праша дали ако го нема него или ССМ ќе се живее среќно и весело. - Не, рече, тој и повика функционерите да ги симнат розовите наочари со кои гледаат во нивните скапи и луксузни кабинети.
Трендафилов рече дека ССМ се загрижени за состојбата во која 250.000 работници примаат плата до 32.000 денари, а 380.000 работници примаат плата под просечната плата во земјата. Појасни дека јавната седница е против одлуката на Владата да ја зголеми минималната плата за само 1.800 денари, што синдикатот го смета за незаконско и недоволно. ССМ бара минималната плата да изнесува 30.000 денари, наместо предложените 24.300.
Според најавите, Јавната седница од пред ССМ ќе продолжи пред Парламентот, каде што синдикатот ќе порача дека не може да има подобрување на платите за пратениците без подобрување на платите за работниците. Пред Стопанската комора, ССМ ќе истакне дека поддршката на работниците е од суштинско значење за стабилноста на економијата. Завршниот дел од протестот ќе биде пред Владата, каде што синдикатот ќе побара да се вклучат работниците во одлуките за нивните плати.
Ново на Сител
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Tема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и еден од лидерите во ВРЕДИ
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Кога Владата официјално ќе го предложи Азир Алиу за нов министер за здравство?
-
За три децении 18 министри за здравство – Tаравари со два мандати, Tодоров најдолго во министерската фотеља
-
Две обвиненија за скопските криминални банди - вршеле нарачани убиства, тргувале со дрога
-
Почна сослушувањето на родителите за трагедијата во „Пулс“
-
СДСМ обвинува за партиски зделки во МВР