Српскиот претседател потпиша декрет за распуштање на Парламентот
Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска потпиша декрет за распуштање на парламентот и распишување на предвремени парламентарни избори на 24 април, пренесува Танјуг.
Николиќ свика предвремени избори откако коалициската Влада, предводена од „Српската Напредна партија“ соопшти дека има потреба од посилен мандат за да ги направи поефикасни економските реформи и да ги заврши преговорите за влез во ЕУ.
- Дојде време да ја испитаме поддршката, бидејќи реформите се сериозни и тешки и затоа е потребно граѓаните да се изјаснат - дали ги поддржуваат реформите или постои некоја подобра идеја или можеби некој друг кој ја заслужува довербата на граѓаните, нагласи Николиќ.
Српскиот претседател истакна дека очекува фер и демократски избори.
Според него, досегашната Влада направила многу за земјата, покренала цел систем реформи за кој мора да се обезбеди нов мандат, за да бидат сигурни дека она што го прават го прават по волја на граѓаните.
На прашања на новинарите, тој истакна дека сака да победи „Српската Напредна партија“, но исто така додаде дека нема да биде разочаран ако победи некој друг.
Претседателот го најави датумот за изборите на телевизиското обраќање на „РТС“.
Ново на Сител
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал
-
Трамп би можел да ја укина целата помош за Украина