Српскиот премиер во посета на Косово
Премиерот на Србија Александар Вучиќ денеска ќе престојува во Косово, а за неговата безбедност ќе се грижи косовската полиција.
Полицискиот портпарол Бали Келани изјави дека безбедносните органи на Косово имаат одговорност да обезбедат придружба на секој висок фукционер, кој го посетува Косово.
- Секоја делегација која доаѓа и има дозвола од властите на Република Косово, полицијата во зависност од нивото на делегацијата и проценките за опасност, обезбедува полициска придружба, изјави Келани,пренесува „Зери.инфо“.
Вучиќ ќе посети повеќе населени места во северниот дел на Косово, населени со мнозинско српско население.
Според Марко Ѓуриќ, директор на Канцеларијата за Космет и Метохија при српската влада, Вучиќ ќе се обрати на собир во Зубин Поток.
Пред доаѓањето на Вучиќ во северниот дел се поставени билборди и постери каде му се посакува добредојде.
За косовскиот премиер Иса Мустафа посетата на Вучиќ не претставува никаков проблем.
- Министертвото за надворешни работи даде дозвола Вучиќ да дојде во Косово и тоа за мене не претставува никаков проблем, изјави Мустафа, јави телевизијата Клан Косова.
Ново на Сител
-
Во сообраќајна несреќа во Тетово животот го загуби 61-годишен пешак
-
Инспекциските служби на АХВ изрекоа мерка за спроведување повторна дезинфекција во мензата во Воената академија каде имаше сомнеж за труење со храна
-
Владата одржа седница, донесени повеќе одлуки
-
Левица: Кривична пријава за Гаши поради Предлог-законот за бранители
-
Кривична пријава против тројца полицајци за неизвршување на судска одлука
-
Кривична пријава за жител на село Могорче за тешка кражба и оштетување туѓи предмети
-
„Балансерот“ утре на седница на Уставниот суд
-
Мој Народе - Ново од групата Меморија