Македонија
9. јуни 2018 - 11:28

Српски „Курир“: Пропаднаа преговорите меѓу Македонија и Грција

Македонија и Грција не успеале да најдат заедничко решение за спорот за името и со тоа преговорите пропаднаа, тврди српски „Курир“.

Според изданието, грчката страна барала „премногу“, односно од името целосно да се исфрли „Македонија“ и од долгонајавуваниот компромис засега нема ништо и покрај добрата волја.

Во изминатите неколку месеци, двете страни изразија оптимистички ставови за изнаоѓање на решение што е прифатливо за двете страни, а поддршката дојде и од ЕУ и САД.

Министерството за надворешни работи на Македонија претходно објави дека не треба да се брза со текстот за договорот за името, бидејќи квалитетот на решението е поважен од крајниот рок за завршување на процесот.