Српската Влада го усвои пакетот мерки договорен на состанокот со косовските Срби
Српската Влада на денешниот состанок усвои пакет мерки, што беше договорен меѓу претседателот Александар Вучиќ и косовските Срби на средбата во Рашка пред два дена, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што соопшти Владата, пакет мерките опфаќаат пет точки, а во првата Србија бара итна реакција на меѓународната заедница кон косовските власти за прекинување на кршење на договорот за регистарски таблички и овозможување на целосна слобода на движење на Србите чии возила користат легални и легитимни таблички.
Во случај да косовските власти да го отфрлат компромисното решение (доставен од преговарачкиот тим), надлежните органи на Србија ќе возвратат со силни и адекватни политички мерки во заштита на уставниот поредок, се наведува во владиното соопштение.
Втората точка се однесува на „безусловното и итно формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), според четирите договори постигнати во Бриселскиот дијалог, како и предусловот за враќање на Србите во косовските институции“.
Трета точка, како што се наведува во соопштението, е враќањето во Приштина на косовските полициски сили од северниот дел на Косово, „каде се наоѓаат противправно“.
Во четвртата точка се наведува дека српската Влада „остро ги осудува недемократските обиди на Приштина да одржи избори за локалната администрација во четирите општини во северно Косово каде има српско мнозинство на жители“.
Владата на Србија ја поддржува одлуката на легитимните политички претставници на Србите во Косово да не учествува во овој недемократски и нелегитимен процес, како и нивната одлука за враќање во политичкиот живот, тогаш кога ќе бидат исполнети услови за воспоставување на ЗСО, се наведува во соопштението.
Како петта точка се наведува дека српската Влада ќе ги преземе сите законски политички и економски мерки за да го осигури животот и правата на Србите во Косово, и преку посебен инвестициски програми за инфраструктурни, стопански и аграрни мерки.
Петте мерки се обврзувачки за сите органи на државната управа и за преговарачите на српската страна во Дијалогот на Белград – Приштина, соопштија српската Влада.
Ново на Сител
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Преглед на вестите од светот
-
ДСЗИ откри недостатоци при третманот на 5 годишното девојче кое почина на Детска - ДУИ бара оставка од Таравари
-
Суспензија и истрага за Мустафа Хајрулахи, вработени го пријавиле за малтретирање
-
Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга
-
Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот - и внатре и надвор дишеме загаден воздух
-
Пожар на Беласица