Балкан
7. April 2024 - 19:45

Српската полиција неуморно трага по телото на Данка

Братот на Дејан. Д  еден од осомничените  за убиството на двегодишната Данка Илиќ почина рано утрово во  полициското одделение во  градот Бор, Источна Србија. Тој  вчера доби притвор до 48 часа поради сомнение дека  му помогнал на Дејан да го префрли телото на Данка од дивата депонија во Бањско Поле на засега непозна локација на територијата на Бор,  два дена по убиството.

На Д.Д. му се слошило во раните утрински часови и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор кои се обиделе да реанимација, тој починал во 03:10 часот, а лекарот од судска медицина  констатирал природна смрт,  се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Србија.

Потрагата  по телото на двегодишната Данка продолжува.  Припадници на  спрската полиција  го пребаруваат  целиот просто покрај Злотска Река и  Лазарева пештера која се наоѓа на околу три километри од селото Злот, во кое живее  Дејан. Д кој признал дека ја задавил Данка откако со  С. Ј ја удриле со автомобил. Но тој одбива  да и каже на полицијата  каде го префрлил  телото на девојчето од дивата депонијата кај Бањко Поле каде  го оставиле со С.Ј  на 26 март. С. Ј пак засега решил да се брани со молчење. Осомничените за убиството на Данка беа уапсени на 4 април.  Делото е оквалификувано како тешко убиство извршено на свиреп начин. Коментирајки  го убиството на двегодишната Данка, претседателот на Србија синоќа најави дека повторно ќе предложи воведување смртна казна.

– Своевремено јавно се залагав и ја замолив Владата на Србија да размисли со Советот на Европа и со сите други дали е можно повторно да се воведе смртна казна, а да не трпиме последици правни и политички и да не бидеме казнети за тоа. Ако некое кривично дело заслужува смртна казна, тогаш тоа е ова дело. Затоа што за ова може да осудите некого доживотно или 40 години, но мислам дека тоа не е доволна казна- Александар Вучиќ – Претседател на Србија.