Фудбал
20. July 2015 - 9:47

Српска „местачка“ козерија на мечот ОФК-Ц.Звезда!!!

Комесарот за интегритет на натпреварувањето при Фудбаласкиот сојуз на Србија, Миливоје Марков, најави истрага на натпреварот ОФК Београд-Црвена ѕвезда одигран во неделата.
 
Натпреварот од првото коло во српската Суперлига заврши со победа на Црвена ѕвезда од 6:2, иако ОФК Белград на полувреме стекна предност од 0.2.
 
„Очекуваме реакција на УЕФА, а потоа ќе покренеме истрага. Искуството ми говори дека во вакви ситуации главните актери не сакаат да соработуваат со мене. Поради тоа мислам дека е време со овој проблем да се позанимаваат државните органи“, рекол Мирков.
 
Тој исто така потврдил дека УЕФА го следела мечот поради големите уплати во обложувалниците и дека во наредниот период веројатно и Интерпол ќе се занимава со овој меч.