Срѓан Керим ги претстави приоритетите пред Советот за безбедност на ООН
Кандидатот на Република Македонија за функцијата генерален секретар на ООН Срѓан Керим се обрати до Советот за Безбедност на ООН и ги образложи своите приоритети за агендата на ОН.
Како што се наведува во соопштението тој укажа дека реформата за управувањето со организацијата е клучна за успешно извршување на задачите како и постигнување на целите на ОН.
Тој изнесе програма од 10 точки со детално образложение на предвидените чекори за остварување на реформата во текот на наредниот петгодишен мандат на генералниот секретар.
Со седницата претседаваше амбасадорот на Јапонија, а учествуваа амбасадорите на 15-те членки на Советот за Безбедност.
Ова беше завршниот официјален настап на Керим пред првото гласање на Советот за Безбедност закажано за 21 јули 2016 година.
Во рамки на работниот престој во Њујорк, Керим имаше консултативни средби со амбасадорите на Европската Унија, Групата 77 земји во развој, како и со претставници на повеќе од 30 земји членки од сите пет региони вклучувајќи ги 15- те земји членки на Советот за Безбедност.
Гласањето во Советот за Безбедност е тајно, а предвидени се повеќе рунди гласање до крајот на септември кога ќе биде соопштена препораката на Советот за Безбедност до Генералното собрание која личност ќе биде генерален секретар на ООН во мандатот 2017 до 2022 година.
Ново на Сител
-
Приведена 19-годишна од Гостивар, во возилото е пронајден пиштол
-
Приведен 68-годишен скопјанец, физички ги нападал поранешната сопруга и нејзиниот син
-
Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули
-
Денес и вчера приведени 8 возачи за безобѕирно управување со моторно возило
-
Сообраќајна несреќа кај патот Гостивар-Тетово, едно лице загинато и пет повредени
-
Дарио Ивановски победник на полумаратонот на годинашното издание „Охрид трчаТ“
-
Голема количина отпад изваден од дното на Охридското Езеро кај Радожда
-
Кина го обвинува американскиот министер за одбрана за „провокативни“ изјави во Сингапур