Македонија
20. August 2016 - 14:46

Средства за лична хигиена, за дезинфекција и кебиња за поплавените од „Фени“

Помош од 1.500 пакети со средства за лична хигиена и дезинфекција и 1.000 кебиња за поплавените во скопскиот регион донираше денеска кавадаречката компанија „Фени индустри". 

- Повикуваме и други субјекти да ја покажат својата хуманост на дело и да донираат за поплавените според насоките на Црвениот крст, изјави Снеже Брзаков од компанијата.

Претседателот на Општинската организација на Црвениот крст од Кавадарци, Димитар Каракулев рече секоја помош е добредојдена, па дури и најмалата и ги повика сите кои можат да донираат, да го сторат тоа.

- Во понеделник завршува донирањето пари по телефонските линии, но ние како Црвен крст продолжуваме со собирањето на хуманитарна помош, додаде Каракулев.