Средба Заев - Жбогар
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска, попладнето се сретна со шефот на делегацијата на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар.
Како што соопштија од СДСМ на средбата Заев нагласил дека во декември мора да има регуларни избори и кризата во државата да заврши со избор на легитимна Влада којашто ќе се посвети на потребните реформски процеси во интерес на граѓаните.
-Ние сме убедени дека на изборите во декември што мора да бидат фер и слободни ќе се случат промени што ќе отворат пат за подобар живот на граѓаните и перспектива на Македонија, истакнал Заев.
Тој соопштил дека СДСМ активно ја разработува динамиката со којашто по изборите ќе следуваат економска стабилизација на граѓаните и државата и демократски процеси за функционални институции, слободни медиумите, независно судство.
На средбата била нагласена поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство коешто, како што стои во сооштението, ја има клучната улога во обезбедувањето пат на правдата и правната држава.
Ново на Сител
-
Му се заканиле со нож, му одзеле 3000 денари, па го удриле неколку пати и избегале
-
Добротворна акција во КСОМ за помош на ранливите групи
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“