Средба Нишани - Ахмети во Тирана
Албанскиот претседател Бујар Нишани синоќа имал срдба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, со кого разговарале околу изборниот процес во Македонија и изборните резултати на политичките партии на Албанците.
Нишани, откако на Ахмети му ја честитал победата на ДУИ, го поздравил ангажирањето и придонесот на сите политички субјекти на Албанците во изборниот процес и процесот на демократизација и интеграција на Македонија.
- Албанија приоритет им дава на добрите меѓусоседски односи и партнерството со Македонија, изјавил Нишани, нагласувајќи го значењето на гаранитрањето на правата на Албанците во Македонија како државотворна компонента и гарант за стабилноста.
Двајцата соговорници искажале идентичен став дека процесот на евроатлантските интегративни процеси се од суштинско значење и претствуваат голем интерес за двете земји, но и регионот во целина.
Претходно, Ахмети се сретна со премиерот Еди Рама, како и со претседателот на Парламентот Илир Мета, за кого стабилноста на Македонија е значајна за Албанија.
Ново на Сител
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови
-
Парламентарни избори