Средба на Заев со претставници на хрватската заедница во Македонија
Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Ненад Живковиќ, член на Советот на хравтската Влада за Хрватите надвор од Хрватска и со Невенка Костовска, претседателка на Заедницата на Хрватите во епублика Македонија.
На средбата се поздравени граѓанските политики на премиерот Заев и на новата Влада, насочени кон грижа за сите граѓани во државата, независно од етничката или каква било друга припадност. Нагласено е дека Владата и Република Македонија ја имаат поддршката и од граѓаните Хрвати во Македонија и од Република Хрватска, во реформските чекори, демократските процеси, добрососедските односи, евро-атлантските интеграции на нашата држава, соопшти владината прес-служба.
Се разговараше за состанокот најавен за 10 мај во Скопје меѓу мешовитите комитети на двете земји за следење на билатералната спогодба за заштита на македонското малцинство во Хрватска и на хрватското малцинство во Македонија. Состанокот е договорен оваа година во мај, по осумгодишен застој, поради што е констатирано дека е потребно да се посвети внимание на реализацијата на обврските што произлегуваат од спогодбата меѓу двете држави.
Република Македонија и Република Хрватска се пријателски држави, немаат отворени билатерални прашања. Хрватска е голем поддржувач на Македонија во остварувањето на стратешките евро-атлантски цели, и пријателството и соработката сега има услови да бидат продлабочени на економски, на културен план, низ грижа за правата на малцинствата во државите, но и во интерес на сите граѓани, заклучено е на состанокот.
Претставникот на Советот на Владата на Хрватска за Хрватите надвор од земјата, Живковиќ, пренесе дека има заинтересирани фирми од Хрватска за инвестирања во Македонија.
- Определени сме да обезбедиме економски развој на државата, од што бенефит ќе имаат и граѓаните и фирмите и искрената поддршка, како од нашиот пријател, Република Хрватска, многу ни значи. Исто така градиме едно општество за сите, со отворени шанси за сите и веруваме дека овој концепт ќе обезбедени перспективи за Република Македонија, но и за сите граѓани кои живеат во неа, вклучувајќи ги и граѓаните Хрвати, рече на средбата премиерот Зоран Заев.
Ново на Сител
-
Димитриеска- Кочоска: Од 1 јули намалување на царинската стапка кај 67 стоки кои се користат во домашната индустрија
-
Дива мачка забележана во пештерата Свинска стрна на Галичица | ФОТО
-
21.178 сообраќајни прекршоци во текот на месец мај
-
Судиите му го вратиле пасошот на Jахоски за да оди на свадба во Tурција
-
Тошковски: Државата ги унапредува капацитетите за справување со кризи, показна вежба на Водно за спасување од жичница
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Стефковски: За мене е чест што моето име ќе биде меѓу имињата на анкетите за градоначалник на Скопје
-
Мицкоски за случувањата со Арсовска: Дадов коментар, не би имал што да додадам