Средба на Заев со претседателот на ЗНМ Селмани
На иницијатива на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска се одржа средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Здружението, Насер Селмани.
Како што информираше СДСМ, на средбата Заев го информирал Селмани, дека една од клучните темите за разговор, во рамки на политичкиот дијалог под покровителство на меѓународната заедница, се реформите во медиумите, коишто се услов за слободни, фер и регуларни избори.
- При тоа, Заев укажа дека во оваа фаза на разговори ВМРО-ДПМНЕ се уште се противи на можните решенија што значат овозможување на медиумите слободно да ја извршуваат својата вистинска и значајна улога во општеството. Од суштинско значење е да се овозможи АВМУ да ја извршува улогата на регулатор во медиумската сфера, а МРТВ да биде вистински јавен сервис во интерес на објективно, непристрасно и избалансирано информирање на граѓаните, стои во соопштението од СДСМ.
Според СДСМ, на средбата заеднички било оценето дека без медиумски реформи, без слободни медиуми, нема услови за слобони, фер, демократски и регуларни избори.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица