Средба на првите дами на Македонија и Турција
Првите дами на Република Македонија и Република Турција, Маја Иванова и Емине Ердоган, на денешната средба во Анкара размениле информации и мислења за нивните искуства и активности на кои досега се ангажирани.
Иванова, како што соопшти кабинетот на македонскиот претседател, се заблагодарила за досегашната одлична соработка со ТИКА – Турската агенција за соработка и координација, со чија поддршка се реализираа проекти во Македонија.
- Иванова искажа благодарност за реализираните проекти на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, отворањето на првиот Ургентен центар на Детска клиника, кој свечено се пушти во употреба во декември 2013 година, и Проектот за комплетна реконструкција, односно реновирање и опремување на Одделот за интензивна нега на Детска клиника, кој технички се пушти во употреба минатата година, се наведува во соопштението.
Сопругата на претседателот Иванов нагласила дека со овие исклучително значајни проекти на Детската клиника поддржани од ТИКА се овозможија најсовремени услови за лекување и подобри здравствени услуги за најмалите пациенти.
Првата дама на Турција информирајќи ја Иванова за нејзините активности и проекти кои се спроведуваат под нејзино покровителство во Турција, искажала задоволство за успешното функционирање на двата реализирани проекти преку ТИКА и изразила интерес за посета на Детската клиника во првата прилика при посета на Македонија.
Во рамките на официјалната посета на претседателот Иванов на Република Турција, Иванова оствари средби и со Семиха Јилдирим, сопруга на претседателот на Владата на Република Турција, и со Хулија Чавушоглу, сопруга на министерот за надворешни работи на Република Турција.
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи