Средба на премиерот Заев со норвешкиот амбасадор Бјорнстад
Кралството Норвешка ќе ја поддржи Македонија во областите значајни за евро-атлантските интеграции, порача норвешкиот амбасадор Арни Бјорнстад на денешната средба во Скопје со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.
На средбата, информираат од Владата, е констатиран напредок на Македонија кон НАТО и кон европските перспективи и е договорена поддршка од Кралството Норвешка за годинава во повеќе области значајни за евро-атлантските интеграции на земјава.
- Станува збор за помош од Норвешка во подобрување на административните и законски капацитети на Република Македонија, во судството, за исполнување на условите од поглавјето 24 од Извештајот на ЕК за Македонија, важно за преговарачкиот процес и со приоритет на обвинителската дејност, во областа на животната средина, за исполнување на условите од поглавјето 27, за чиста вода и превенција на храна, во унапредувањето на контролните механизми за заштита од корупција и од злоупотреби на јавните фондови, соопшти владината прес-служба.
Во периодот што престои, се додава во соопштението, ќе следува поврзување на институциите во Република Македонија со амбасадата на Кралството Норвешка со цел утврдување на начините за аплицирање за фондовите преку коишто треба да се реализира поддршката.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев се заблагодарил на амбасадорот Бјорнстад за целокупната принципиелна помош и поддршка од Кралството Норвешка на демократските процеси во Македонија.
- Стратешки цели на Република Македонија се членството во Европската унија и во НАТО. Новата Влада ја постави државата на евро-атлантскиот пат и презема одгооворност за реализација на потребните реформи преку Планот 3-6-9. Владата е силно посветена да го подигне животниот стандард и да обезбеди квалитетен живот за граѓаните. Граѓаните на Македонија заслужуваат да живеат спокојно, а Република Македонија заслужува да биде дел од демократскиот свет, потенцирал премиерот Заев на средбата со амбасадорот на Кралството Норвешка, Арни Бјорнстад.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ елиминиран во четвртфиналето во Бризбејн
-
Николовски: Наплатата на приходите од ДДВ при увоз на патнички возила зголемена за над 482 милиона денари
-
Јовчески: Детето повредено кај Рашче, очекувам наскоро на домашно лекување
-
За повлечениот Предлог-закон за средно образование повторно ќе се дискутира за да се најде заеднички јазик, вели Јаневска
-
Француски осуденик држи неколку вработени во затворот како заложници
-
Лазаров пред СП 2025: Умерен оптимист сум
-
Мицкоски: Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судски совет
-
Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените, најавува Мицкоски