Средба на министерот Тошковски со амбасадорот на Чешката Република Јарослав Лудва
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржал работна средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва.
На средбата, како што соопшти МВР, двете страни изразиле задоволство од долгогодишната одлична соработка, со акцент на партнерството помеѓу двете министерства, кое изминативе години, особено за време на миграциската криза, но и периодот после се покажа дека е од голема важност за нас како министерство особено во делот на осовременување на капацитетите на МВР.
-Од страна на министерот за внатрешни работи Тошковски, беше изразена благодарност како за поддршката и соработката преку бројните донации за подобрување на капацитетите на вработените во Министерството за внатрешни работи, така и за пружената поддршка со испраќање на чешки полициски службеници на нашата граница за справување со илегалната миграција во периодот од декември 2015 до април 2023 година, што резултираше со намалување на интензитетот на миграциските текови, се наведува во соопштението од МВР.
Амбасадорот Лудва истакнал дека нашата држава е од исклучително значење за одржување на безбедноста во овој дел од Европа, изразувајќи надеж дека соработката ќе биде уште подобра во иднина со заеднички фокус за нејзино уште поголемо продлабочување.
-Билатералните договори меѓу двете министерства се од областа на безбедноста, техничка соработка, реадмисија, борба против криминалот и спроведување на заеднички иницијативи за решавање на актуелните безбедносни предизвици, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели
-
СДСМ бара, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа храна без ДДВ
-
Минчев: Некомпетентите јавни службеници ќе се доедуцираат преку посебна академија
-
Директорот на Детска брои чиј мандат имало повеќе починати деца - ДСЗИ во надзор за последниот смртен случај на Клиниката
-
Епохално археолошко откритие