Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска остварил средба со Крис Бартон, Комесар за трговија на Обединетото Кралство.
За време на средбата биле разменети мислења и предлози за натамошно зајакнување на трговската соработка меѓу двете земји, како и за можностите за поголема интеграција на Република Северна Македонија во регионалните и глобалните трговски мрежи.
Како што соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски го запознал Бартон со економските приоритети на Владата на Република Северна Македонија и изразил задоволство од континуираниот раст на трговската размена со Обединетото Кралство. Укажал дека постојат цврсти основи за нејзино зголемување во иднина и го подвлекол значењето на јакнењето на меѓусебната соработка на полето на инвестициите.
Комесарот Бартон го истакнал интересот на Обединетото Кралство за поддршка на британските инвестиции во нашата земја и продолжување на развојот на економските односи преку подобрување на деловната клима.
- Двајцата соговорници разговараа и за продлабочување и проширување на соработката согласно Договорот за партнерство, трговија и соработка помеѓу двете земји, како и за потенцијалните области на соработка, особено развојот на новите технологии, обновливите извори на енергија, инфраструктурата, размена на добри практики во полето на дигиталната и еколошката трансформација, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово