Средба на министерката Арсовска Томовска со новиот естонски амбасадор во Македонија
Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Естонија за Македонија, Даниел Ерик Шаер.
Како што соопшти Министерството за информатичко општетсво и амдинистрација (МИОА), средбата била посветена на меѓусебно запознавање и разговори за продолжување и продлабочување на соработката меѓу двете земји, во насока на понатамошен развој на информатичкото општество.
- Како една од водечките ИТ земји во Европската Унија, која во последните години има енормен развој во секторот за информатички технологии, во Естонија ИТ компаниите имаат голема потреба од едуцирани и искусни инженери. Во таа насока беше посочена соработката која МИОА во изминатите неколку месеци ја имаше со естонската компанија Нет Груп, во пронаоѓање соодветна софтверска компанија за воспоставување партнерски односи со ИТ компанија во Македонија. Притоа, амбасадорот Ерик Шаер потенцираше дека постојат и други компании со кои ќе може да се воспостави ваква соработка, а посочи и дека ќе ги разгледа ЕУ проектите и можностите за соработка и поддршка на проектите на кои што работи министерството, се вели во соопштението.
Амбасадорот исто така ќе ја разгледал можноста за учество на естонски експерти во процесот на подготовка на Долгорочната Стратегија за развој на ИКТ-индустријата во Република Македонија. Даниел Шаер бил поранешен амбасадор во Руанда, а од овој месец е назначен за амбасадор на Естонија во Македонија, Босна, Србија и Црна Гора.
Ново на Сител
-
Младите веќе не заминуваат само поради пари, туку пред се поради немање пристојни услови за градење иднина
-
Орбан нуди посредство за преговори со Софија, одлуката на Брисел ја оцени како историска грешка
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Средношколци во Сител за Денот на медиумите
-
Средба Мицкоски - Орбан во Охрид
-
Kој е виновен што Mакедонија не напредува кон ЕУ – партиите си разменија обвинувања
-
Експерти: ЕУ не може да гарантира дека ќе запрат бугарските барања, потребна е волја за дијалог
-
Мицотакис од Њујорк: Добрососедски односи и почитување меѓународни договори за влез во ЕУ