Македонија
27. September 2024 - 16:32

Приватните превозници ги паркираа автобусите, бараат зголемување на цените за изминат километар

Во ек на недостаток на автобуси за непречено функционирање на јавниот градски превоз, приватните превозници денеска решија да ги паркираат автобусите. Оти на дневен ред не се најде нивното барање за зголемување на тарифата за изминат километар, одлучиЈА да возат само трета смена.

Градот Скопје го обвини првиот човек на Советот на градот дека одбил овој предлог да го стави на разгледување пред советниците, притоа додавајќи дека само исполнувал инструкции од ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, за вчерашната седница на Советот на град Скопје приватните превозници до претседателот на Советот Трајко Славевски испратиле барање за зголемување на цената на услугите. Ова барање Славевски одбил да го стави на разгледување пред советниците, што е причина за револтот кај приватните превозници денес.

Славевски за Сител пак вели дека Арсовска не доставила таква предлог одлука со конкретни параметри за зголемување на цената на јавниот превоз. 

Трајко Славевски, претседател на Советот на Град Скопје

Приватните превозници бараат да биде свикана вонредна седница на Градот, во спротивно ќе продолжат да возат само во вечерните часови.