Средба на Ердоган и Путин веројатно кон крајот на јули
Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин може да се сретнат на крајот на јули или во почетокот на август, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
- Има голема веројатност за средба на двајцата лидери кон крајот на овој месец или на почетокот на август, посочи Чавушоглу.
Во петокот Чавушоглу изјави дека Ердоган е подготвен да се сретне со Путин во август во Сочи (пред средбата на Г-20), потсетуваат турските медиуми.
Односите меѓу Анкара и Москва се влошија откако Турција собори руски авион Су-24 на 24 ноември 2015 година поради наводно нарушување на турскиот воздушен простор.
Во средата, рускиот претседател Путин разговараше по телефон со претседателот на Турција Ердоган. Разговорот беше спроведен откако Ердоган испрати писмо до Путин со извинување за соборениот во руски бомбардер.
По разговорот со Ердоган, Путин наложи владата да почне преговори со Турција за обновување на соработката во трговијата и други сфери.
Ново на Сител
-
Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет
-
Сѐ уште активни пожарите во Илинден, Долнени и Липково, пожарите на Кожуф, Јасен и Вардариште ставени под контрола
-
Активни шест пожари, три под контрола
-
Истрага против дилер на марихуана во Скопје
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување