Средба на директорите на ФЗОМ со претседателот на Здружението „Раст“
Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани денеска се сретнаа со претседателот на на Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст“, Александар Петровски.
Од ФЗОМ соопштија дека на средбата станало збор за можноста за унапредување на здравствената состојба на оваа група пациенти, соработката со другите релевантни институции, состојбата и статусот на набавување на хормонот за раст како и неговата дистрибуција.
Петровски информирал кои се најновите активности кои Здружението ги презема и кои настани планира да ги реализира во иднина. Се заблагодарил за поддршката на Фондот, која резултирала со обезбедување средства за соодветната терапија на овие деца, преку наменскиот, односно условниот буџет, за таргетирано лекување на овие деца на Детската клиника.
Појаснил дека од формирањето на Здружението „Раст“ во 2007 година, добиваат максимална и беспрекорна поддршка од Фондот за здравствено осигурување на Македонија и тоа им е една од најголемите мотивации во нивните напори, бидејќи сите деца имаат право да растат здраво.
Раната детекција е исклучително важна, бидејќи растот не е само сантиметри, растот е показател на целокупното здравје. Токму затоа е важно сите релевантни чинители и од здравствениот, но и образовниот и од сите други сегменти во општеството да бидат свесни за потребата од раното препознавање на нарушувањето на растот, стои во соопштението од ФЗОМ.
Ново на Сител
-
Ковачевски: Официјалните ставови за францускиот предлог ќе бидат соопштени откако ќе ги помине сите филтри
-
Намалена затворската казна на Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пино
-
Бала: Првата меѓувладина конференција ЕУ - Албанија ќе се одржи следната недела
-
Вечерва седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Владина седница вечерва
-
Османи бара трпение во врска со францускиот предлог
-
Османи: Од Мадрид се враќаме со нов изменет француски предлог
-
Српската Влада ги ограничи цените за брашното, зејтинот, млекото, шеќерот и ги намали акцизите за горивата