Средба на Али Ахмети со Метју Палмер
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денес во Амбасадата на САД во Скопје се сретна со Метју Палмер, заменик-помошник државен секретар на САД, Даниел Костеланчиќ, директор за Балканот во Американскиот Стејт Департмент и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Брнс.
Ахмети и американските авторитети разменија мислења во врска со политичките случувања во Северна Македонија, членството во НАТО како и предвремените избори.
Ахмети истакна дека ДУИ е гарант на Преспанскиот, Охридскиот, како и Договорот за добрососедство со Бугарија од кои нема враќање назад во ниту еден случај.
Лидерот на ДУИ, Ахмети им се заблагодари на американските авторитети за големата помош во нашите напори за добивање на датумот за започнување на преговорите со Европската Унија, но уште повеќе за нашиот успешен пат за членство во НАТО во следните месеци.
САД потполно ги поддржуваат евроатлантските напори на Северна Македонија и реформите во земјата, посебно на владеењето на правото.
На средбата се дискутираше и за интензивните реформи во рамките на Демократската Унија за Интеграција како и за предвремените парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи
-
Кандидатите за членови на Судски совет ќе чекаат нова сеница за да дојдат на дневен ред
-
Преглед на вести од светот
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот