Средба на Ахмети со германскиот амбасадор Герберих
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција г.Али Ахмети денес во Тетово оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Германија во Република Македонија,Томас Герберих.
Германскиот Амбасадор ја изрази силната германска поддршка за реформските процеси во Македонија како и Евроатлантската интеграција на земјата.
Г.Ахмети му честита на Амбасадорот Герберих и му посака успех во работата, нагласувајќи дека тесната соработка со германските власти ќе продолжи и во иднина.
Претседателот Ахмети рече дека изборната кампања се одвива мирно и дека ДУИ ќе се ангажира за слободен изборен процес и прифатлив за сите.
Во однос на реформите, ДУИ останува целосно посветена за да продолжи со реформскиот процес со истиот интензитет по завршувањето на изборите.
Ахмети говореше и за важната улога што ја има Германија во Евроатлантските интегративни процеси и го покани Берлин да ја интензивира помошта во решавањето на спорот со името.
Соговорниците разменија мислења и за законот за употреба на јазиците, добрососедството, економскиот развој итн.
Ново на Сител
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“