Средба Ахмети - Палмер
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денес се сретна со високиот гостин од Вашингтон, Мет Палмер вд заменик помошник на Секретарот на САД.
Соговорниците дискутираа околу постигнатиот прогрес во земјата кон потполната интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ како и за прашањата кои чекаат успешно разрешување.
Ахмети елаборираше околу спремноста на Демократската Унија за Интеграција за да даде придонес за успешно заокружување на целта на граѓаните за да изградиме една Евроатланска Македонија.
Лидерот на ДУИ истотака ја повика и опозицијата да се вклучи во клучните заеднички напори за да ја интегрираме нашата земја во ЕУ и НАТО.
Ахмети им се заблагодари на Соединетите Американски Држави за силната подршка за Евроатланска Македонија и градењето на едно демократско општество со потполно владеење на правниот поредок и законите како и со борба против корупцијата и организираниот криминал.
Ново на Сител
-
Пукање на автопатот Тетово - Скопје
-
Рибочуварка на Тиквешко Езеро физички нападната од три лица
-
Во Атина уапсени две лица кои пуштале во продажба ковид тестови и медицински маски со изменет рок
-
Фамелос: Ратификацијата на меморандумите ќе ја унапредеше соработката
-
Викендов променливо облачно, наместа нестабилно со дожд и грмежи
-
Амбасада на САД во Сараево: Додик е на опасен пат, „раздружувањето“ на БиХ значи крај на РС
-
На ГП Табановце влегле и излегле над 18.000, на ГП Богородица скоро 16.000 патници од 10 вчера до 10 утрово
-
Џафери: Значењето на светите браќа Кирил и Методиј е безвременско и обврзувачко, секој да го најде патот и да се вложи во напредокот