Македонија
1. August 2018 - 22:05

Средба Ахмети - Палмер

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денес се сретна со високиот гостин од Вашингтон,  Мет Палмер вд заменик помошник  на Секретарот на САД.

Соговорниците дискутираа околу постигнатиот прогрес во земјата кон потполната интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ како и за прашањата кои чекаат успешно разрешување.

Ахмети елаборираше околу спремноста на Демократската Унија за Интеграција  за да даде придонес за успешно заокружување на целта на граѓаните за да изградиме една Евроатланска Македонија.

Лидерот на ДУИ истотака ја повика и опозицијата да се вклучи во клучните заеднички  напори за да ја интегрираме нашата земја во ЕУ и НАТО.

Ахмети им се заблагодари на Соединетите Американски Држави  за силната подршка за Евроатланска Македонија и градењето на едно демократско општество со потполно владеење на правниот поредок и законите како и со борба против корупцијата и организираниот криминал.