Срцев удар причина за сообраќајката на Рузвелтова - почина лекар од Клиниката за пулмологија
Лекар од Клиниката за Пулмологија попладнево почина откако додека управувал моторно возило му се слошило и изгубил контрола.
Несреќата се случила на улицата Рузвелтова. Според првичните информации 32-годишниот доктор околу 16.30 часот најверојатно добил срцев удар, по што удрил во друг автомобил, се качил на тротоар и завршил во дрво. Веднаш бил пренесен на Ургентен, но по час и половина реанимација неговите колеги не успеале да го спасат.
Обдукцијата треба да ја утврди точната причина за смртта. Од Клиниката за Пулмологија ја потврдија информацијата за смртта на нивниот колега.
За време на пандемијата лекарот работно бил ангажиран во Ковид центрите на Инфективна и во болницата во Козле каде ги лекувал заболените со Ковид-19.
Александар Динев
Ново на Сител
-
Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија
-
Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
-
Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже