Србија: Сите ученици се вратија на настава освен учениците од „Владислав Рибникар“ каде беше извршен масакрот
Сите ученици во Србија од денеска се враќаат на редовна настава, освен во ОУ „Владислав Рибникар“ каде беше извршено масовно убиство.
800 училишта во земјава кои ќе бидат присутни на сите јавни места каде што се собираат голем број граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.
На влезот во основното училиште „Владислав Рибникар“ има четворица полицајци, цвеќе и свеќи што ги оставаат граѓаните.
Нема настава, а од денеска ќе се организира продолжен престој за учениците од одделенската настава, од прво до четврто одделение.
Наставата за сите ученици треба да започне во среда на 10 мај, седмиот ден од невидената трагедија.
Министерството за образование, здравство, УНИЦЕФ, Тимот за интервенција во психолошка криза, Филозофскиот факултет, Здружението на психолози, Тимот за кризни состојби на училиштето и вработените во ова училиште подготвија План за интервенција во кризи, кој предвидува поддршка на децата, родителите и вработените, индивидуално и групно и подготовка за враќање на училиште.
Поддршка ќе даваат и психијатри и психолози од Заводот за ментално здравје, Клиниката за психијатрија на Клиничкиот центар на Србија и Друштвото на психолози.
Враќањето на учениците на училиште во комуникација со родителите треба да го организира Училишниот тим за кризни интервенции.
Помошта се планира и за учениците од сите училишта во Србија, бидејќи самото сознание за трагедијата е траума за многумина, особено за децата и наставниците.
Ново на Сител
-
Бараме отчет за сработеното, порачаа семејствата на настраданите во „Пулс“ на протестниот марш во Кочани
-
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од Скопје
-
13 години од монструозното убиство кај Смилковско езеро
-
Руте вели дека Русија размислува за распоредување нуклеарно оружје во вселената
-
8-годишно дете и баба прегазени во Кочани
-
Приведен малолетник од Тетово, фатен со дрога
-
Тошковски: Отвораме ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туриза