Спасовски: МВР има информации за логистиката на Грујевски и Бошкоски
Постапката за екстрадиција на поранешните началници на УБК Горан Грујевски и Никола Бошкоски ја води Министерството за правда со меѓународна правна помош со Министерството за правда на Грција, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на меѓународната конференција „Приватна јавна безбедност – соработка и партнерство“ на Факултетот за безбедност во Скопје.
- Министерството за внатрешни работи имаше обврска да соработува со Министерството во Грција се до приведување на овие лица, истакна Спасовски.
Во однос на логистичката поддршка на обвинетите Грујевски и Бошкоски во МВР, Спасовски рече дека имаат многу податоци и дека заедно работат со Обвинителството, но оти информациите не се за споделување со јавноста.
Прашан дали постои можност Грујевски и Бошкоски да се „пазарат“ со грчките служби во однос на споделување на информации за она што го работеле во изминатите години во УБК, Спасовски рече дека нема ниедна информација што досега не е поделена со јавноста со оглед на тоа што во јавноста преку т.н. бомби имаше можност да ги слушне разговорите за нивната работа.
Министерот Спасовски ја оцени безбедносната состојба во Македонија како стабилна, а во однос на вториот круг од локалните избори апелираше до граѓаните да бидат на висина на задачата да го остварат своето гласачко право и политичките партии да не злоупотребуваат институции коишто можат да го нарушат изборниот процес.
Ново на Сител
-
Во Ниш ќе се одбележи Денот на македонскиот јазик
-
Претреси во Кочани, пронајдена дрога, приведени пет лица
-
Телескопот „СФЕРЕКС“ на НАСА почна со целосно мапирање на небото
-
Истече дисквалификацијата на Синер
-
Лицата со дијабетес бараат инсулински пумпи за сите лица кои имаат дијабет тип 1
-
Минатата недела казнети 114 возачи кои непрописно ги паркирале возилата во општина Центар
-
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
-
Без струја ќе останат дел од корисниците во општините Кисела Вода и Ѓорче Петров