Кошарка
20. January 2016 - 14:11

Србија плати 2,5 милиони за олимписките квалификации

Претседателот на Кошаркарскиот сојуз   на Србија , Драган Ѓилас соопшти дека организацијата на олимписките квалификации чинат  3.2 милиони евра. 2,5 се уплатени од републичкиот буџет а останатото ќе се покрие од спонзори.  Квалификациски турнири да потсетиме добија Србија, Италија и Филипините.

„ Овојпат пресуди спортскиот момент во однос на финансискиот. Потребни беа 2 милиони евра за организација на турнирот но ние понудивме 2,5. Имаше и двојно повисоки понуди но беше прифатена нашата“- изјави Ѓилас. 
Турнирот ќе се одржи во Белград од 4-10 јули а влечењето на групите е закажано за 26-ти јануари.