Србија нуди 10.000 евра за преселба од град во село, проектот го прифаќаат се повеќе млади
Короната ни помогна да сфатиме дека поубаво се живее во природа, на отворен простор, во куќа наместо во стан“, велат членовите на едно семејство што од српската влада ќе добие 10.000 евра, за преселба на село.
Проектот, со кој се доделуваат државни пари за купување на празни куќи во српските села, започна успешно, а денес бил потпишан 81 договор за купување на куќи во руралните средини, пишува „Телеграф“.
Во Србија, како и во повеќето балкански држави, се случуваат слични процеси во изминатите децении – градовите, во кои има многу повеќе работни места, постојано се зголемуваат, а селата, каде се живее тешко, стануваат сѐ попусти. Тоа беше главната причини поради која српските власти го започнаа проектот, кој го води Министерството за грижа за селото.
Досега, според Министерството, се поднесени барања за државна помош за купување на 300 селски куќи, а министерот Милан Кркобабиќ вели дека претежно се интересираат млади луѓе – просечната возраст на подносителите на барањата е 30 години. Просечната цена на селска куќа со двор, пак, е нешто пониска од онаа што ја доделува државата и изнесува околу 9.200 евра.
Според проценките на Одборот за село во Српската академија на науките и уметностите, во Србија има околу 150.000 празни и околу 50.000 целосно напуштени куќи.
„Сакавме да одиме од Обреновац во некоја почиста средина и таму да живееме и да го прошириме семејството. Малку баравме и го одбравме Крупањ, куќата веднаш ни се допадна, широка и со голем двор. Јас од почетокот верував дека ќе биде наша. Му се радуваме на новиот живот, возбудени сме и исплашени во исто време, но мислиме дека вистинскиот живот е токму тука, на село“, вели добитничката на државните средства Јована Аќимовиќ.
Меѓу потписниците на договорите за помошта од 10.000 евра досега се 65 брачни и вонбрачни двојки, седуммина самохрани родители и деветмина млади земјоделци. Повеќето од нив досега живееле во заедница, но има и доста такви кои досега живееле под кирија, пишува „Телеграф“.
Меѓу српските граѓани кои досега одлучиле да се преселат од град во село во рамките на проектот се луѓе од најразлични професии – од професори по книжевност и филозофија, архитекти, ветеринари и економисти, до воспитувачи, медицински работници, келнери и трговци.
Според проценките на Одборот за село во Српската академија на науките и уметностите (САНУ), во селата ширум земјата има околу 150.000 празни куќи и 50.000 целосно напуштени куќи.
Владината програма за државна помош од 10.000 евра е отворена за луѓето кои веќе живеат на село, но во заедница и сакаат да основаат свое домаќинство, потоа за стручњаци од разни области кои се потребни за живот на село (земјоделие, технологија, медицина, стоматологија и слично), како и за млади луѓе кои живеат во градовите и би сакале да се обидат да се занимаваат со земјоделие.
Ново на Сител
-
Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
-
Скопјанец добил пари на рулет, па го искршил истиот, по што обезбедувањето на казиното физички го нападнало
-
Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани во релативно тешка состојба
-
Загина мотоциклист откако излетал од патот
-
62-ра жртва од пожарот во Кочани, во Белград почина Стојанче Стојанов
-
Женско бебе пони во ЗОО Скопје
-
Четири лица краделе предмети од објект на ЈП Железници со вкупна вредност од околу 1.239.000 денари
-
1507 сообраќајни прекршоци вчера и завчера на територија на цела држава, 259 за брзо возење