Србија денес одлучува дали ќе ги врати рестриктивните мерки
Српскиот Кризен штаб за сузбивање на заразната болест Ковид-19 денеска во 10 часот одлучува дали ќе се вратат дел од рестриктивните мерки во неколку градови со цел сузбивање на коронавирусот.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ вчера најави дека рестриктивните мерки веројатно ќе бидат воведени во повеќе градови и дека нема да бидат воведени целосни забрани за движење или собирање, како во време на вонредната состојба.
Таа потсети дека засега се воведени разни вонредни состојби во Нови Пазар, Крагуевац, Ужице и Врање. Според неа, мерките ќе бидат во сила на одредени места, а не на целата територија на Србија.
„Во Белград секако има најмногу заразени лица, не по глава на жител, но вкупно, но повторно две третини од сите заразени се во Белград. Тоа е претежно помладата популација, така што ќе разгледаме како да таргетираме мерки и да го решиме тој проблем во тој момент“, вели премиерката.
Таа изјави дека работата на ноќните клубови ќе биде сигурно забранета и дека ќе се разгледа и забраната или ограничувањето на работата на рестораните.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Ниту сум имала намера, ниту ќе употребам вето за да навредам некој јазик
-
Зеленски: Русија загуби 38.000 војници во Курската област
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Мицкоски: Нека Божик ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани
-
Бајден забрани нови дупчења на наоѓалишта на нафта и гас во близина на атлантското и тихоокеанското крајбрежје на САД
-
Божиќна ѕвезда – украс за новогодишните и божиќните празници
-
Почувствуван земјотрес во Македонија
-
Тибет: Над 50 загинати и десетици повредени во силен земјотрес на Хималаите