Србија: 39 лица заразени со западнонилска треска
39 заболени од западнонилска треска се годинава регистрирани во Србија, соопшти денеска Јавниот здравствен институт на Србија, „Д-р Милан Јовановиќ-Батут“.
Институтот додаде дека повеќето од заболените од западнонилска треска имаат некоја форма на невроинвазивна форма на болеста: менингитис или енцефалитис и тие се на болничко лекување.
Западнонилската треска е сезонско заболување, кое се пренесува преку заразени комарци. Сезоната на заразување со овој вирус во Србија обично трае од јуни до ноември.
Најголем дел од заболените годинава се мажи (64 отсто), а просечната возраст на сите пациенти е 64 години. Повеќето од пациентите (70 проценти) имале и некоја друга болест, најчесто дијабетес и хипертензија.
Како што наведува „Батут“, до 16 август пријавени се 125 случаи на западнонилска треска кај човечката популација во земјите на Европската Унија и Европската економска заедница, и тоа: Италија (56), Грција (48), Франција (7), Романија (6), Унгарија (5), Германија (2) и Шпанија (1).
9 смртни случаи поврзани со западнонилска треска се регистрирани и во Грција (5), Италија (3) и во Романија (1).
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот