Спречен шверц на 500 литри нафта од Македонија во Албанија
На граничниот премин Ќафасан, на македонско - албанската граница, кај Струга, албанската полиција спречила шверц на 500 литри нафта, која од македонска на албанска територија ја пренесувал жител на Елбасан.
-По засилената работа на службите на Граничната полиција, во текот на летната сезона, со цел спречување и сузбивање на криминални активности, на граничниот премин Ќафасан на влез во Република Албанија, на втората линија за детални проверки, во камион откриени се пластични туби со 500 литри дизел, без соодветна документација. Уапсен е 49-годишен жител на Елбасан, стои во полициското соопштение.
Тој пред судот во Корча ќе одговара за кривично дело „криумчарење стока за која се наплатува акциза и избегнување царински давачки“.
Деновиве албанската полиција поднесе кривични пријави против тројца жители на општина Подградец, поради шверц на разна стока од македонска на албанска територија.
Кај нив полицијата открила прехрамбени производи, нафта и друга стока прошверцувани од македонска територија.
Ново на Сител
-
Царината спречи обид за криумчарење 6,4 килограми сребро на ГП Богородица
-
Одложено денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Бездомник од Калифорнија освои милион долари на лотарија
-
ОЈО Прилеп: Прибраната документација за прилепската болница ќе се анализира
-
Приведен 38-годишник од Битола, при претрес во неговиот дом пронајдена е дрога
-
Пред натпреварот меѓу Астон Вила и ПСЖ по грешка интонирана химната на Лига Европа
-
Мурињо откри кој бил најемотивниот момент во неговата кариера
-
Мбапе доби само еден натпревар суспензија за црвениот картон против Алавес