Спречен оружен грабеж на бензинска пумпа во Куманово
Припадници на полицијата спречија обид за оружен грабеж на бензиската пумпа „Твинс Петрол“ во Куманово.
Како што соопшти МВР, утринава околу 4 часот во бензиската пумпа „Твинс Петрол“ двајца маскирани сторители извршиле разбојништво во обид над вработената.
- Откако влегле во бензиската пумпа, едниот од нив извадил пиштол, со кој и се заканувал на вработената. Бидејќи на наведената бензинска пумпа веќе неколку пати има извршено разбојништво со закана со огнено оружје, полициски службеници од станицата од Куманово биле во заседа, пришто во моментот кога ги забележале сторителите, ги предупредиле да се предадат. Еден од сторителите со пиштолот во рака се свртел кон полициските службеници, по што истите испукале најпрво во воздух, а потоа неколку истрели кон сторителите, се наведува во соопштението.
Според полицијата, сторителите во тој момент се дале во бегство, но едниот од нив од здобиените повреди паднал, а другиот побегнал.
- По извршениот разговор со повредениот сторител, констатирано е дека станува збор за Б.Х.(19) од село Синѓелиќ. Вториот сторител побегнал од местото на настанот со возило. По укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар Куманово, Б.Х. бил пренесен во Клиничкиот центар Скопје. Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и увидна екипа пришто бил пронајден и подигнат за вештачење еден пиштол, се вели во соопштението на МВР.
Од Министерството информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Ново на Сител
-
Протест на Кулакови против пресудата на Обвинителството
-
Дали правото секогаш носи правда
-
Независните советници во општинските совети поднесоа амандмани на Законот за измена на локална самоуправа
-
Советот во Кочани не ги прифати договорите со Струмица и Карпош
-
Кулакови организираа протест по пресудата за смртта на Фросина
-
Тема на денот со Јасна Бачовска Недиќ, професорка на Правниот факултет
-
Врховен ја укина казната од 3 год. и 10 месеци затвор за Васил, апелација не го викнал на судењето
-
Имаат ли соодветен рехабилитациски третман сите повредени од трагедијата во Кочани?