Спречен напад во трговски центар во Истанбул
Турската полиција вечерва соопшти дека спречила обид за терористички напад во трговски центар во населбата Бахчелиевлер во европскиот дел на Истанбул.
Како што јавија турските медиуми, припадници на турските специјални полициски сили доцна попладенво упаднале во трговскиот центар и ги блокирале сите влезови.
Полицијата информира дека при акцијата се уапсени осум лица, кои се осомничени дека се подготвувале да извршат терористички напад во трговскиот центар.
Според полициски извори, уапсените биле следени од безбедносните служби.
Полициската акција во трговскиот центар траела околу еден час, по што продолжила во реонот на Бахчелиевлер.
Очевидци на настанот за турските медиуми изјавија дека полицајците го опколиле трговскиот центар и не дозволувале никој да го напушти, по што започнале се претрес низ објектот.
Ново на Сител
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите