Мајнц суспендираше фудбалер поради објава поврзана со војната меѓу Израел и Хамас
Германскиот фудбалски клуб Мајнц го суспендираше денеска холандскиот напаѓач Анвар ел Гази (28) поради „неприфатлива“ објава на социјалните мрежи во врска со војната меѓу Израел и движењето Хамас.
Мајнц на својот официјален сајт објави дека го „разрешил Анвар ел Гази од неговите обврски за тренинг и натпревари“ поради објавата која ја сподели на социјалните мрежи во неделата, а потоа ја избриша.
Германскиот клуб не наведе што пишувало во објавата, ниту пак кога фудбалерот ќе се врати на клупските обврски.
„Во објавата, Ел Гази изнесе мислење за актуелниот судир на Блискиот исток кое клубот го смета за неприфатливо. Пред донесување на одлуката, клубот и играчот одржаа темелен разговор“, објави Мајнц.
Претходно денеска францускиот клуб Ница го суспендираше својот играч Јусеф Атала, кој, наводно, споделил видео на социјалните мрежи со антисемитска содржина во врска со судирот во Израел и Појасот Газа.
Ново на Сител
-
Димитриеска-Кочоска на средби со претставници на Светска банка
-
Без вода дел од Батинци
-
Приведен жител од Тетово во чиј дом е пронајдена дрога
-
Од Скопскиот аеродром до 44 дестинации со зимскиот ред на летање, до четири од Охридскиот
-
Алба изненаден од изоставањето на Меси од номинацијата за „Златната топка“
-
Европратеници лобираат за укинување на промената на сметање на времето
-
Лазаров пред реваншот со Клаипеда: Одиме на победа и на вториот меч
-
Жител на Мала Речица се снимал со бомби во рацете, ОЈО бара притвор