Меркел: Санкциите за Русија остануваат, Москва не ги исполни обврските
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека нема причина за укинување на европските санкции кон Русији бидејќи Москва не ги исполни сите обврски преземени со спогодбата од Минск.
Во интервју за РНД, Меркел кажа дека Русија со анексијата на Крим во 2014 година предизвикала голема криза во Европа.
- Европа мораше да реагира против кршењето на основните принципи, порача Меркел,.
Таа наведе дека со францускиот претседател Франсоа Оланд вложуваат огромни напори Украина и Русија да го исполнат договорот за прекин на огнот од Минск и покрај сите тешкотии.
Според неа, тоа бил и останува параметарот за тоа што во иднина ќе се случи со санкциите.
Во јуни ЕУ одлучи, заради сударот во Украина, да ги продолжи санкциите против Русија до крајот на јануари следната година.
Ново на Сител
-
Мицкоски ќе присуствува на отворање на канцеларија за услуги на граѓаните во Аеродром
-
Состојба на патиштата
-
Фон дер Лајен денеска во Косово, средба со премиерот Курти
-
Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад
-
Израел нападна ирански воени локации
-
Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)
-
Лисица во потрага по храна сред Сараево
-
ПСЖ одбива да му плати на Мбапе 55 милиони евра