-->
-->
Хамилтон казнет со 25 илјади долари по Големата награда на Катар
-->
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е казнет со 25.000 долари по трката од Формула 1 шампионатот возена вчеравечер за Големата награда на Катар поради небезбедно минување на патеката.
На почетокот на трката Хамилтон се судри со својот тимски колега Џорџ Расел. Откако го напушти болидот, британскиот возач ја помина патеката за да влезе во боксот. И покрај фактот што Хамилтон го направи ова во време кога останатите болиди веќе поминаа покрај него, сепак постоеше одредена опасност - бидејќи Луис ја помина патеката неколку секунди пред неговиот тимски колега Џорџ Расел да се врати на патеката по застанувањето во боксот.
Стјуардите решија да му издадат официјално предупредување на Хамилтон и да му изречат казна од 25 илјади долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка
-
Определен притвор за битолскиот хирург осомничен за мито
-
Министерката Јаневска доби најмногу прашања на седница
-
СДСМ и Левица со заедничка иницијатива – проблемот со загадувањето се сели во Собрание
-
Депонии покрај Треска – секој фрла ѓубре каде ќе му текне: Како до решение?