Ема Никочевиќ прва македонска судијка со знакот на ФИБА
Ема Никочевиќ (29), поранешната кошаркарка, стана првата македонска судијка со знакот на ФИБА.
– Почнав да судам уште во 2016 година, и тоа натпревари во училишните лиги. Во втората половина од натпреварувачката сезона 2018/2019 влегов во сениорски ранг на натпреварувања, а веќе во наредната, почнав да судам натпревари кои се на она највисоко ниво. Минатата сезона имав приближно 25 натпревари кои се дел од втората и третата лига-мажи, но и дваесетина натпревари од женската прва лига, вклучувајќи го и женскиот Суперкуп, потоа мечевите од полуфиналето во женскиот сениорски сегмент, изјави Никочевиќ за КФСМ.
Првата Македонка со знакот на ФИБА во следниот период ќа се насочи кон стекнување што поголемо меѓународно судиско искуство.
– Да судам и да учам од најдобрите ФИБА судии, пред се, за да можам да станам подобар судија. Со нетрпение очекувам да запознаам нови луѓе, да ги проширам моите хоризонти и стекнување кошаркарски пријатели од целиот свет. Исто така, сакам да поттикнам повеќе женски колеги во обидите да станат судии и комесари на ФИБА во мојата земја. Очекувам да изградиме добра врска и честа комуникација со судискиот сектор на ФИБА, да имаме вебинари или други форми на настава во текот на целата сезона, додаде Никочевиќ.
Покрај неа, во „класата 2023“ на судискиот департмент на Светската кошаркарска федерација се најде и талентираниот македонски судија Андреј Златевски.
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана