Свет
27. April 2020 - 17:06

Според синдикатот на лекари во Франција во своите домови починале најмалку 9.000 лица од корона вирусот

Жак Батистони, претседател на синдикатот на лекари од општа пракса во Франција, изјави дека околу 9.000  лица починале дома од коронавирусот.

-Овој број не не изненадува.Ова покажува дека постои скриена смртност од коронавирусот, рече Жак Батистони, додавајќи дека податоците допрва треба да бидат потврдени.

Од почетокот на епидемијата, генералниот директор за здравство Жереми Саломон секоја вечер прави ажурирање за смртноста. Официјално, 22 856 луѓе починале од „ковид-19“ во Франција: од нив околу 14 000 во болници и 8 000 во старечки домови и медицинско-социјални установи. Но, билансот на состојбата всушност треба да биде многу потежок, овие бројки не ги земаат во предвид жртвите кои починаа во нивните домови.

Вообичаено во Франција, секоја година, мнозинството на смртни случаи (59 отсто) се случуваат во болници или клиники, 14 отсто во старските домови, според ИНСЕЕ (националниот институт за статистички и економски студии). Но, повеќе од една четвртина се случуваат дома (26 отсто). Во Франција, бројот на смртни случаи забележани меѓу 1 март и 13 април е поголем од оној регистриран во текот на истите периоди во 2019 или 2018 година: 93.839 наспроти 75.100 во 2019 година и 83.108 во 2018 година, според податоците кои сè уште привремени.

За СОС лекарите, специјализирани за домашни консултации и особено присутни во урбаните средини, „прагот на зголемување за 50 отсто з на смртните случаи во домовите во Франција беше поминат за две недели. Помеѓу 22 март и 5 април федерацијата на лекари регистрирала 253 смртни случаи дома, 54 отсто повеќе од лани во истиот период.

-Можеме да мислиме дека голем дел е поврзан со епидемијата на„ ковид-19 “, проценува претседателот на СОС лекарите Пјер-Хенри Хуан.

-Потребна е обдукција, но ние не го правиме тоа, освен кога има медицинско-правен проблем. И бидејќи причината за смртта дома е тешко да се утврди научно затоа што не го тестираме пациентот, и не ја мериме оваа вишок смртност, додава тој.
Деловите на Францијакои се силно погодени од епидемијата, забележуваме голем број на смртни случаи во јасна прогресија споредено со 2019 година, што е двојно поголема во март, објасни за Силви Ле Минез, шеф за демографски и социјални студии на ИНСЕЕ.

-За неколку недели, ќе ги отвориме вратите и може да откриеме дека луѓето кои веќе не одговараа умреле дома, стравува епидемиологот Емануел Барон, директор на Епицентар, центар за истражување на доктори без граници. Според специјалистот, „заборавените смртни случаи“ се својствени за сите епидемии.

Потребно ќе биде да се почека целосна научна и демографска студија, што веројатно ќе трае многу месеци, пред да се добијат бројките што се приближуваат кон реалноста, за смртните случаи што ќе и се припишат на епидемијата на „Ковид-19“.