Според извори на Ен-Би-Си, американската војска планира да ги повлече силите од Сирија
– Војската на САД развива планови за повлекување на сите американски војници од Сирија, објави американската телевизија Ен-Би-Си, повикувајќи се на неименувани извори од Пентагон.
Медиумот јави дека Министерството за одбрана разгледува сценарија за повлекување на војниците од таа држава во рок од 30, 60 или 90 дена.
Во моментов, САД имаат до 2,000 војници распоредени во Сирија со наведена цел да го спречат повторното обновување на терористичката група ИД.
Армијата соработува со курдските сили кои контролираат области во североисточниот дел на земјата.
За време на неговиот прв мандат, претседателот Доналд Трамп имаше планови да го прекине американското присуство во Сирија, на што се спротивстави тогашниот секретар за одбрана Џејмс Матис.
Матис поднесе оставка во знак на протест кон крајот на 2018 година.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет