СПМ за извештаите на Светска банка и Фридом хаус
Лажните фалби на владите на Заев и Ковачевски за растот на стандардот и платите на граѓаните се распрснаа пред суровата реалност на бројките. Граѓаните се осиромашени и незадоволни заради високата инфлација и изразената несигурност која е секаде присутна, во сите сфери на работа и живеење. Тоа влијае на иселувањето на граѓаните кои не се задоволни од актуелната власт и во очај си одат од државата.
Македонија заради промашените политики на власта заостанува во растот и развојот, има најнизок економски раст во регионот што не ветува иднина за подобар живот.
Власта на СДС и ДУИ бара да продолжи да владее со криминалот и корупцијата што е согледан и оценет негативно и од Светска банка, заедно со сите негативни прогнози кои се дадени и кои само го потврдуваат лошото владеење на оваа клептоманска гарнитура на власт.
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека мора да се запрат овие негативни политики и претставници на власта и на престојните избори да бидат избрани предложените кадри од Коалицијата „Твоја Македонија“ кои единствено знаат како да ги изменат негативностите на системот за да се испорача повисок раст и развој.
Социјалистичката партија на Македонија оценува дека Извештајот на Фридом хаус ги потврди состојбите на кои опозицијата подолго време укажува за падот на државата во однос на демократијата и слободите и правата на граѓаните.
Оценката од Извештајот за потфрлање на институциите во практикувањето на нивните надлежности упатува на лошото менаџирање, сè во интерес на кадрите на СДС и ДУИ. Власта е преокупирана со сокривање на криминалот и корупцијата, како и со можноста за спречување на одговорноста за направените злодела.
Укажувањето дека Македонија е „цикличен хибрид“ во однос на корупцијата е всушност моделот во кој власта и елитите оневозможуваат да се донесат клучни промени односно реформи во системот.
Власта на СДС и ДУИ влијаела Македонија да назадува во демократијата и со тоа се оддалечува од критериумите кои се поставени за евроинтеграцијата, односно главен кочничар на тој процес е власта.
Намалувањето на рејтингот на судската влат, назначувањето на судии и обвнители ги зацврствува перцепциите на јавноста за непотизам и привилегии во судството, што ја оддалечува државата од европскиот пат.
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека власта која назадува во демократијата, во првата и слободите на граѓаните, која ја кочи државата, мора да си оди, на изборите да биде поразена и на долг рок политички делегитимирана.
СПМ
Ново на Сител
-
Ќе се најде ли натпартиски консензуз за уставните измени со одложено дејство
-
Тема на денот со министерот за култура, Зоран Љутков
-
ДМ Дрогерие Маркт донира над 200 диспанзери со хигиенски влошки за јавни универзитети
-
Пораката од таткото на Вања: „Кажете само колку пари треба?“
-
ЛКМ: Прво Таравари да достави решение кој е одговорен па потоа комората ќе постапува
-
Менаџментот на Детска клиника одлучи
-
Мицкоски и врати на Јотова: Почитувајте ги Македонците во Бугарија
-
Кој ја партизира АНБ - ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска со меѓусебни обвинувања