СПМ: Власта да ги исполни барањата на пензионерите
Социјалистичката партија на Македонија повторно укажува на суровата и нечовечна политика на СДС и ДУИ кон пензионерите и грубото одбивање на нивните барања за зголемување на пензиите.
Лажно ветуваните 6,8% се намалија на 5,3% раст на пензиите што ја потврдува хипокризијата, несериозното однесување и лагите кои владата на Ковачевски постојано ги продуцира, а особено ресорната министерка без елементарен однос и никакво разбирање кон пензионерите.
Со навреди и омаловажување кон барањата на пензионерите оваа нелегитимна и нечовечна власт ги мотивира да опстојат во пензионерската буна. СДС и ДУИ ја водат државата кон дестабилизација.
Социјалистичката партија на Македонија ги потсетува македонските пензионери дека секогаш кога владее СДС тие редовно губат и грубо се покрадени, затоа што кај лицемерната власт на СДС не постојат никакви чувства кон возрасните граѓани, ниту пак се внимава на нивните потреби.
Оттаму СДС за пензионерите претставува фактор на недоверба затоа што работи на штета на нивното достоинство и задоволувањето на нивните основни и егзистенцијални потреби. Инфлацијата максимално ги осиромаши сите граѓаните, а особено пензионерите и ги доведе до работ на егзитенција и опстанок.
Социјалистичката партија на Македонија поддржувајќи ги пензионерите укажува дека нивните барања се легитимни и власта е таа која е должна и има обврска итно да ги реши.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци