СПМ: Откупувачите на тутун нема да можат да го стават во промет преработениот тутун без постоење на правилникот, кој е поништен
Социјалистичката партија на Македонија ја упатува јавноста на одлуката на Уставниот суд со која го укинува Правилникот за видот на штетни материи, како и начинот и методите на земање примероци за утврдување на штетните материи и други загадувачи/контаминенти (физички, хемиски и биолошки) во обработениот тутун и производи на тутун, донесени од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Уставниот суд постапил по иницијатива за оцена на уставноста, поднесена од Кренер Лога.
Судот утврдил дека согласно член 52 став 1 од Уставот, предвиден е рокот за донесување на правилници.
Тој рок, претпоставуваме заради зафатеност, не бил испочитуван од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и тие се причини Правилникот да се поништи.
Да констатираме, откупувачите на тутун нема да можат да го стават во промет преработениот тутун без постоење на правилникот кој е поништен. Неажурноста и неодговорноста на министерот Николовски предизвика несогледиви економски штети.
Социјалистичката партија на Македонија прашува кој ќе понесе одговорност за економската штета која ќе се предизвика и колку време му е потребно на МЗШВ и на ресорниот министер да реагираат и да се обидат да изнајдат решение за овој проблем?
Зошто министерот молчи?
Не само што е проблем откупот на тутунот, туку министерот се обидува да го скрие проблемот кој допрва ќе го гледаме со веќе откупениот тутун.
Социјалистичка партија на Македонија бара веднаш да се превземат дејствија за надминување на настанатата состојба.
Доколку ресорниот министер се чуствува неспособен, советуваме да си поднесе оставка или од техничкиот премиер да биде сменет, со оглед на воспоставената пракса на брзи министерски смени.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
„Утеха ни на небо ни на земја, животот уште незапочнат најсвирепо згаснат“, емотивен статус на таткото на Фросина
-
Парното поскапува просечно за 100 денари
-
Свекор полово ја вознемирувал 31-годишната снаа од Косово
-
Маркетите и трговските центри низ Хрватска празни, во тек голем бојкот
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Исчезнат е 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино
-
Јаневска: Ова е нацрт-концепција и може да претрпи промени
-
Денеска и утре релативно топло, од недела вечер дожд и опаѓање на температурите
-
16-годишна девојка со нож го прободела својот татко во Пробиштип