Македонија
12. December 2023 - 10:42

СПМ: Најавата за формирање на Европски фронт за изборите уште една манипулација на СДС и ДУИ кон македонските граѓани

Социјалистичката партија на Македонија најавата за формирање на Европски фронт за изборите ка оценува како уште една манипулација на СДС и ДУИ кон македонските граѓани.

Европскиот фронт е мамка за поделба и исчезнување на државата Македонија, цел што ја има ДУИ, а СДС целосно ја остварува.

Во изминатите години СДС и ДУИ покажаа дека се за лично богатење и крадење, а промовираат криминал, корупција и други негативни вредности кои немаат врска со европските.

Манипулантите од СДС и ДУИ, кои во име на демократијата ја распродаваат државата и ги уништуваат историските и идентитски обележја на Македонија, се прочитани од граѓаните кои не можат да поднесат уште лаги и предавства и бараат тие да си одат од власта.

Изборите кои следат се единствена шанса да се смени курсот на политиката во Македонија и да се насочи кон вистински вредности и цели кои се градени со децении, а ова власт ги сруши.

Социјалистичката партија на Македонија повикува на обединување на граѓаните за националните интереси и со масовно излегување на изборите да се изберат чесни и проверени патриоти кои знаат како се сака и се развива Македонија.