СПМ: Маричиќ е докажан габаритен креатор на илузии, подметнувања и градење на визија за ветер и магла
Не поминува ниту еден ден без некоја скандалозна изјава од некој член на Владата. Последниот во низата е потпретседателот на Владата Бојан Маричиќ кој крајно небулозно ја обвини опозицијата за сеење страв кај граѓаните и влијанието врз нивното мислење за што се против промената на Уставот.
За Социјалистичката партија на Македонија непријатен е мотивот за приземната квалификација на Маричиќ со која тој повторно ги потценува граѓаните и опозицијата. Неговата изјава за политичарот кој ги решава проблемите може да се сведе на лош хумор со ниска соддржина. Вистинската состојба е таа што токму тој и целиот владин состав ги создаваат сите проблеми кои ниту знаат и ниту сакаат да ги решат.
Затоа имаат насушна потреба да обвинуваат други.
Останува општиот впечаток од реакцијата на Маричиќ дека тој не е подготвен да го прифати мислењето на граѓаните. Следниот чекор по првичното обвинување на опозицијата е директно да ги обвини и самите граѓани, а во овој случај станува збор за огромен број од македонскиот народ. Како потврда за напуштање и непочитување на националните ставови и интереси, оддамна констатирано за СДС.
Маричиќ е докажан габаритен креатор на илузии, подметнувања и градење на визија за ветер и магла. Од незаслужената и со ништо оправдана позиција тој со леснотија ги лаже граѓаните за отпочнати преговари со Унијата, во што ниту самиот не верува.
Бесполезно е нему и илјада пати да му се повторува, но затоа ја потсетуваме јавноста дека преговори нема и нема ни да има заради подреденоста на Маричиќ и сите останати како него кон странските и бугарските барања. Народот тоа добро го знае и затоа се изјаснува против уставните промени.
Владата, а особено Ковачевски, Османи и Маричиќ водат катастрофална надворешна политика. Сите тие се всушност најголемите виновници и кочничарите зошто државата не оди напред, ниту на економски план, а уште помалку по евроинтегративниот пат. Владата на ДУИ и помалиот партнер СДС ја води државата во бездна и во крајно подредена положба. Таа нелегитимна и ненародна власт единствено е загрижена за бугарските уцени, а не за барањата на граѓаните кои се против таа политика. Оттаму, колку што се големи нивните отстапки уште се поголеми криминалните зделки за лично богатење на сметка на народните пари.
Социјалистичката партија на Македонија цени дека сите овие лажомани и крајно корумпирани политичари треба да си одат што порано и да одговараат, за да и се отворат на државата развојните перспективи што граѓаните ги сакаат и ги очекуваат. Затоа итни и неодложни избори се единствена можност за отстранување на овие канцерогени елементи од државата.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе