Македонија
20. October 2023 - 11:42

СПМ: Македонската економија е на дното во регионот

Социјалистичката партија на Македонија предупредува на целосниот застој на македонската економија која е и последна на Балканот.

Фалбите на владата на Ковачевски дека економијата оди напред ги сруши Светската банка во последниот извештај кој не бил поцрн и посрамотен за државата

Презадолженост, висока инфлација, најнизок раст на БДП, најниски плати, се праметри по кои македонската економија е на дното од регионот.

Влада која не живее во реалноста и се наметнува со мерки кои денес ги носи, а утре ги менува, ги обвинува сите, но не ја гледа погрешната политика што таа ја води во сите области.

Незадоволствто на граѓаните од ниските плати и пензии власта не може да го спречи, ниту пак може да го контролира, ниту зна е како заради до сега невидената неспособност. Власта генерира економска и политичка нестабилност на долг рок.

Инфлацијата ги осиромашува сите во државата и ги тера граѓаните на масовно иселување за да се спасат од бедата и сиромаштијата што го зафаќа 70% од населението.

Корупцијата и крадењето на СДС и ДУИ се заштитни белези кои сите ги гледаат, а нема обвинителска и судслка завршница.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека оваа корумпирана власт мора да си оди што поскоро, затоа што во целиот состав е приучена, неодговорна и неспособна. Ниту еден министер нема ни морал ни кредибилитет да членува во владата.

Социјалистичката партија на Македонија