СПМ: Црковното прашање на смее да биде тема на било која комисија
Социјалистичката партија на Македонија изразува крајно несогласување од одлуката на македонските претставници во мешовита историска комисија да прифатат отворање на црковни прашања како тема на дискусија.
Оваа неразумна одлука на ова откроирано работно тело претставува потврда на ирационалноста од неговото постоење како резултат на штетниот и антимакедонски билатерален договор со источниот сосед.
СПМ ги потсетува македонските членови историчари дека древната Охридска Архиепископија има јасна и потврдена историја за нејзиното создавање, длабоко вкоренета во колективната меморија и во душата на македонскиот народ.
СПМ истакнува дека било кое црковно прашање не смее да биде тема на дискусија на било која лаичка комисија освен во црковните теолошко хисториски кругови во православниот свет.
Ново на Сител
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа