Спектакл на небото по 36 години: Зошто 31-ви јануари е посебен ден?
Денеска на 31 јануари ќе се спојат три необични лунарни појави: супермесечина, сина Месечина и целосно затемнување на Месечината. Но, тоа нема да може да се види од Европа, туку само од Северна Америка, Азија, Блиски Исток, Русија и Австралија.
- Тоа е редок астрономски триплет, изјави Кели Бити, уредник на списанието „Скај енд телескоп“ (Sky and Telescope).
Феноменот се јавува на секои две години и осум месеци. Супермесечина се појавува кога Месечината е најблиски до Земјата во својата орбита. Во таа точка, наречена перигеј, Месечината изгледа за 14 отсто поголема и 30 проценти посјајна. Тие две појави не се толку ретки, но 36 години немало во комбинација со затемнување на Месечината.
За време на затемнувањето Месечината ќе биде во сенка на Земјата, а белиот диск постепено ќе добива портокалова или црвена боја. Така „сината“ Месечина ќе стане „крвава“.
Порамнувањето на Сонцето, Месечината и Земјата ќе трае еден час и 16 минути. Во западниот дел на САД ии Канада ќе биде видливо пред зора, а на Блискиот Исток, во источна Русија, во Австралија и на Нов Зеланд навечер.
За разлика од затемувањето на Сонцето, Месечината може да се набљудува со голо око.
Астрономскиот триплет последен пат се случи на 30 декември 1982 година и тогаш можеше да се види во Европа, во Африка и во западна Азија.
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 13 часот
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени