„Спејс икс“ ќе ја лансира првата рециклирана ракета
Американската компанија „Спејс икс“ вечерва ќе ја лансира во вселената својата прва рециклирана ракета. При лансирањето, за постигнување на брзина ќе биде ракета што минатата година беше употребена за доставување на намирници на астронаутите во Меѓународната вселенска станица.
Планирано е ракетата да биде лансирана во 18.27 часот, по локално време од Кејп Каневерал на Флорида, а целта на лансирањето е со ракетата во далечна орбита да се испрати комуникациски сателит за компанијата „СЕС“ во Луксембург.
Белата ракета „Фалкон-9“, што во моментов се наоѓа на платформата за лансирање на НАСА, содржи во себе висока ракета за постигнување брзина, што минатата година во вселената го испрати товарниот вселенски брод „Драгон“ без екипаж, а потоа се врати на океанската платформа.
Секое лансирање на „Фалко-9“ ќе чини повеќе од 61 милијарда долари.
Ново на Сител
-
Колку пациенти добиле пролонгирање на хируршка интервенција?
-
Надоместок од 3000 денари за несовесните граѓани кои ги оштетуваат рампите
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со д-р Марјан Шокаровски, Државна Кардиохирургија
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Премиерот и 6 министри седат на две столчиња
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Алармантно предупредување во скопските училишта: Постои тренд на самоповредување кај учениците